Home Актуелно Петочна и викенд средноаприлска временска прогноза

Петочна и викенд средноаприлска временска прогноза

Денешниот априлски ден, петок, 16. април, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголеми. Доцна попладне и кон крајот на денот почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд.

На планините во западните делови ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен, во горниот тек на Повардарието северен, а во јужните делови источен и југоисточен ветер.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 7, Охрид 11, Битола 13, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 15, Дојран 17.

За утре прогнозата е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…