Петел дресиран за борби го уби својот сопственик


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


50-годишниот Индиец Сарипали Чанавенкатешварам Рао беше нападнат и убиен од страна на својот петел дресиран за борби со други петли, додека го носел на една таква договорена борба.

Рао, од јужната индиска држава Андра Прадеш, со своите петли редовно учествувал на локалните борби од овој вид. На 15 јануари, тој тргнал да го запише својот петел на следното натпреварување. Кога петелот се обидел да се ослободи со канџата на која бил закачен нож го прободел својот сопственик.

Портпаролот на локалната полициска станица изјави за Си-Ен-Ен дека Рао, татко на три деца, бил пренесен во болница, каде што починал.

Борбите со петли се забранети во Индија од 1960 година. Сепак, тие продолжуваат да се одржуваат нелегално низ целата земја.

„Законите се многу јасни. Борбите со петли не се организираат само за забава, туку се работи за обложување“, рече Гаури Маулеки, шеф на индиската организација „Луѓе за животните“.

„Мислам дека тоа нема никаква врска со нашата култура. Се работи само за желбата да се заработат пари и да се коцка“, додаде тој.