Пет апликации со кои вашите фотки на Инстаграм ќе бидат совршени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ни се допаѓа тоа, или не (нам, искрено – не), денес важи девицата „ако не е на Инстаграм, не се ни случило“ и таа ја движи во прогрес оваа социјална мрежа. Кога станува збор за фотографиите на Инстаграм, повеќето од корисниците се „зависни“ од тоа да изгледаат што поубаво на нив, боите да се ефектни и целокупниот личен профил да изгледа што поестетски, поскладен и беспрекорен.

Ако сакате да дознаете неколку финти како да постигнете таков ефект со вашите фотки на Инстаграм, ви откриваме пет апликации (ако не сте ги знаеле), кои вредат да ги пробате со вашите летни фотографски спомени.

1. VSCO

Речиси да нема Инстаграм славна личност која нема да ви ја спомене и препорача оваа апликација, како една од која сите тие се зависни. Таа нуди голем избор на ефекти, филтри и алатки за средување на фотографиите.

2. SNAPSEED

Уште една фантастична апликација, која е еднакво популарна меѓу влијателните фаци на Инстаграм. Со нејзина помош можете да додавате сјај и да отстранувате несакани детали на фотките.

3. FACETUNE

Оваа апликација е идеална за сите љубители на селфи фотките, бидејќи овозможува уредување на кожата, избелување на забите, лесно фотошопирање и уште многу други опции. Ако некогаш сте налетале на Инстаграм на фотографија (а сигурно сте налетале на таква безброј пати) на која некоја позната фаца има беспрекорно сјајна кожа, а забите блескаат како бисери, голема е веројатноста дека фотката е средувана со оваа апликација.

4. AFTERLIGHT

Оваа апликација ви помага ако осветлувањето додека сте фотографирале не било баш идеално. Со неа можете да ги осветлувате веќе направените фотографии и да ги истакнувате одредени детали и бои.

5. PREVIEW

Како што и самото име кажува, оваа апликација овозможува пред објавувањето да видите како вашата фотографија ќе се вклопи на вашиот „newsfeed“ и да го испланирате тоа. Со внесување на фотката во апликацијата, таа ќе ви прикаже како би изгледал вашиот „newsfeed“. Фотката потоа можете дополнително да ја поместувате и уредувате, но и да го испланирате нејзиниот опис.