Home Актуелно Пешак удрен од автомобил на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје – починал на самото место

Пешак удрен од автомобил на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје – починал на самото место

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје, пешак бил прегазен во близина на пешачкиот премин пред мостот Гоце Делчев, по што починал на самото место.

Во него, според првичните информации, удрило возило БМВ Х5 со кумановска регистрација.

Во моментот, нема детали за прегазеното лице и за возачот.

Полицијата го обезбедува местото, а присутна е и екипа на Итната помош.

Повеќе информации околу несреќата се очекуваат во текот на денот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…