Home Актуелно Со нови борбени возила Американците го засилуваат военото утврдување долж украинската граница (снимка)

Со нови борбени возила Американците го засилуваат военото утврдување долж украинската граница (снимка)

Америка и НАТО го зголемуваат бројот на војска и оружје на границата на својот сојузник Украина.

Најголем број на ново оружје и орудија се стационираат на границата на Романија со Украина, од каде брзо може да се влезе на украинска територија.

На социјалните мрежи веќе се појавија и првите видеа на кои може да се види како американски борбени возила, тенкови и оклопни транспортери патуваат кон границата.

Украина во моментот е центарот на судир на интереси меѓу САД и НАТО од една страна и Русија.

По обвинувањата против Русија дека собрала 100.000 војници на границата со Украина, САД и Велика Британија започнаа уште пожестока кампања за вооружување на Украина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…