Пешак удрен од автомобил на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје – починал на самото место


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тешка сообраќајна несреќа која се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје, пешак бил прегазен во близина на пешачкиот премин пред мостот Гоце Делчев, по што починал на самото место.

Во него, според првичните информации, удрило возило БМВ Х5 со кумановска регистрација.

Во моментот, нема детали за прегазеното лице и за возачот.

Полицијата го обезбедува местото, а присутна е и екипа на Итната помош.

Повеќе информации околу несреќата се очекуваат во текот на денот.