Home Спорт Перез откри кој е неговиот најдобар трансфер во кариерата!

Перез откри кој е неговиот најдобар трансфер во кариерата!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез даде опширно интервју за шпанските медиуми каде зборуваше на многу теми.

Перез откри што се случувало во клубот и потврдии некои информации, а дел од нив се однесуваат и на Серхио Рамос, кој сака да замине во Кина.

„Одговорив дека тоа не е можно, тие кажаа дека Кинезите тешко даваат многу пари. Меѓутоа, не може да го пуштиме капитенот бесплатно“, објасни Перез.

Покрај сите ѕвезди кои ги има ангажирано во кариерата, Перез издвои една, која според него ќе биде запаметена во историјата на клубот.

„Донесов многу големи фудбалери во Реал Мадри, но Кристиано Роналдо е најдобриот кој некогаш играл за овој клуб. Тој минатото лето рече дека сака нов предизвик во кариерата и затоа го пуштивме. Ќе биде запаметен како најдобар играч во историјата на Реал Мадрид“, изјави Перез.

https://twitter.com/goal/status/1133298832383664128

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…