Home Спорт Перез го одврзува кесето: Доаѓа ѕвезда од Бундеслигата за 75 милиони

Перез го одврзува кесето: Доаѓа ѕвезда од Бундеслигата за 75 милиони

Како што пренесува шпанскиот портал „Дон Балон“, Реал Мадрид до крајот на преодниот рок би можел да донесе едно големо засилување во своите редови.

Според тврдењата на медиумот, претседателот Флорентино Перез спремил 75 милиони евра за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл.

Лопетеги бара дефанзивен играч за врска кој ќе може да ја креира играта, па на таа позиција бара алтернатива за Каземиро. Токму 22-годишниот Германец би бил идеален како партнер со Модриќ и Крос во средниот ред.

Перез сака да му ја исполни желбата на новиот тренер и наводно веќе стапил во контакт со агентите на играчот, а медиумот тврди дека „милионерите“ се спремни да ја прифатат понудата од 75 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…