Пендаровски порача: Сите сакаме истрага без политичко мешање за случајот „Рекет“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Одговарајќи на прашање од новинарите за неговата позиција и однос кон случајот и аферата „Рекет“, македонскиот претседател Стево Пендаровски денес изјави дека негова работа како претседател не е да ја коментира секоја фаза од случајот „Рекет“, сè додека законската процедура со постапката за овој случај не покаже видливи моменти за кои ќе може да даде оценка како политичар.

Според него, важно е што работата околу процедуралниот колосек, како што рече, „тргнала“, а понатаму се останува на истражните органи.

„Пред две недели повикав да се забрза постапката од истражните органи. Следејки ги барањата на граѓаните, апелирав да тоа биде побрзо и поефикасно, а понатаму знаете дека не е моја надлежност. Видовме неколку битни активности во таа процесна смисла и понатаму се останува на надлежните органи. Јас и сите политичари сакаме да видиме брза истрага во која нема да се чувствуваат странични влијанија, ниту евентуално влијание од политичарите“, изјави Пендаровски во Македонска Каменица, каде присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите.