Home Актуелно Пендаровски: Нема да дозволиме компромис со Бугарија кој ги нарушува нашите национални и државни интереси

Пендаровски: Нема да дозволиме компромис со Бугарија кој ги нарушува нашите национални и државни интереси

На денешната прес-конференција која ја одржа заедно со словенечкиот колега Борут Пахор, македонскиот претседател Стево Пендаровски, говорејќи за меморандумот од Бугарија, кажа дека земјава е отворена за компромис по спорните прашања.

Запрашан дали може да појасни за какви компромиси се мисли, Пендаровски вели:

„Не можам уште сега да кажам каков компромис ќе биде. Тоа е процес што тече. Но, бидете сигурни, сите политички фактори, од наша страна, дека нема да дозволиме тој иден компромис по неколку точки од декларацијата да ги наруши нашите национални и државни интереси. Мислам дека сме на јасно кои се нашите црвени линии, неколку пати се јавно кажувани“, рече Пендаровски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…