Home Актуелно Пендаровски: Ќе бидам претседател на сите!

Пендаровски: Ќе бидам претседател на сите!

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, прогласи вечерва победа на вториот круг од претседателските избори, оценувајќи дека тоа е всушност победа на мнозинството граѓани на Македонија, независно од етничка, политичка, верска или каква било друга припадност, кои се обидиниле и решиле да продолжат заедно напред.

Посветено ќе им служам на сите и ќе бидат претседател на сите, на Mакедонците, Aлбанците, Ромите, Турците, Србите, Бошњаците и сите останати граѓани.

Според Пендаровски, исходот од претседателските избори значи и загарантиран пат напред кон НАТО и ЕУ, меѓу развиениот свет каде и припаѓаме.

Тој додаде дека уште поголем успех е и победата на обединувањето и заедништвото, што е јасна порака дека само заедно може да се напред и да се обезбеди иднината на Македонија.

Пендаровски додаде и дека нашата држава во јуни очекува и ќе добие датум за отворање преговори за членство во ЕУ, пред се затоа што тоа го заслужила со направените чекори.

Пендаровски подвлече и дека ќе се залага за правична и правна држава, дека ќе обединува и нема да дели.

Тој вети дека и ќе ги поддржува сите политики и чекори кои значат напредок во државата , но и ќе критикува секогаш кога може да биде подобро.

„Нема да се срамите од мене, ни тука ни во странство”, подвлече Пендаровски.

Премиерот Заев оцени дека државата добила претседател со кој може да продолжи заедно и одговорно напред.

„Ова е победа на концептот заедно напред но пред се е победа на граѓаните. Заедно покажавме дека имаме земја која е европска и дека имаме горд и одговорен народ. Водевме достоинствена кампања и имаме беспрекорно чисти избори. Од денеска ништо повеќе не е исто, никој повеќе нема да застане на патот на прогресот и перспективите, граѓаните го кажаа своето. Вечерва имаме и победа во Охрид, новиот градоначалник е Константин Георгиевски кој победи со повеќе од 3.800 гласови. Имаме и градоначалник на Ново Село, нашиот пријател Никола Андонов. Од различни етнички заедници, определени и неопределени, браво за сите граѓани. Нашето место е во НАТО, нашето место е во ЕУ, крај за режимот, нема веќе режим, никогаш” – порача премиерот Зоран Заев.

Извор: Телма

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…