Home Актуелно МОСТ: Излезноста е 46.5%, победи Пендаровски со 51.51% од гласовите

МОСТ: Излезноста е 46.5%, победи Пендаровски со 51.51% од гласовите

Граѓанската асоцијација МОСТ на прес конференција ги објави првичните резултати од нејзините анализи за излезноста и бројот на гласовите.

Така, според МОСТ излезноста е 46.5%, а од нив кандидатката на опозицијата ВМРО ДПМНЕ имала 44.93%, неважечки биле 3.56% од гласовите, додека победник е Стево Пендаровски со 51.51% од гласовите.

Вториот круг од претседателските избори 2019 година МОСТ го набљудува со статични набљудувачи на 33% од вкупниот број на избирачки места. Во текот на денот, за сите забележани неправилности МОСТ известуваше на четири конференции за медиуми. Во периодот од 17 до 19 часот, според потврдените информации забележано беше следното:

На ГМ 2659 во општина Кисела Вода, гласач го фотографирал гласачкото ливче, при што реагирал ИО и била повикана полиција. Гласачкото ливче било поништено, а гласањето било прекинато во период од 15 минути.

На ГМ 0506/1 во с. Чегране, општина Гостивар, 13 гласачи не биле проверени со УВ ламба, 8 гласачи не биле обележани со спреј, а биле забележани и 4 случаи на семејно гласање.

Од граѓанската асоцијација најавија подетална прес конференција за утре кога ќе се произнесат и околу евентуалните нерегуларности.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…