Пеколните МЅ-13:„Убивај, силувај контролирај – ако преживееш 13 секунди ќотек, со нас си“

МЅ-13

Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во „братството“ може да влезат само оние кои ќе преживеат 13 секунди ќотек, но секој што ќе им застане на патот – му нема спас.

Американскиот претседател Доналд Трамп одржал говор во Конгресот во кој покрај успехот во првата година од владеењето се навратил и на општата безбедност и криминал. Највечатливо од говорот е делот кога Трамп соопштил неодамнешна случка во која бандата MS-13 убила две девојки во Лонг Ајленд.

Најса Миксенс и Кајла Куевас брутално биле убиени додека шетале низ градот. А убиството го извршиле 6 припадници на бандата.

„Го повикувам Конгресот да ги затвори споменатите законски дупки, како и криминалците од бандите како MS-13, тие не би смееле повеќе да доаѓаат од другите земји во Америка“, соопштил Трамп.

Кај јавноста постои сомнеж како е можно државата да не може да им застане на патот на овие банди, но и уште поважно кои се МS-13?

Крв, хорор тетоважи и свирепи иницијации од 13 секунди

Оваа банда со потекло од Салвадор, која делува во 44 од 50 американски држави себе се нарекува МS-13 т.е „Мара Салватруча“. За ова име е карактеристично тоа што „М“ е од „Мара“, а „S“, од „салватруча“, што ги опишува герилците од салвадорските села. Бројот 13, ги означува секундите што е времетраење на ќотекот кој треба да го издржат новите членови.

Бандата настанала на почетокот на осумдесеттите во Калифоррнија, каде голем број Салвадорци избегаа за време на граѓанската војна. Тие најчесто започнуваа приватни бизниси како берберници и ресторани.

За да се одбранат од другите банди, започнале да се здружуваат. Нивните активности со тек на време подразбирале и криминални работи. Регрутирале членови од војната, од Средна Америка и нивниот број постојано растел. А започнале да се шират и надвор од границите на Калифорнија.

Убивај, силувај, контролирај!

Официјалното мото на бандата е „mata, viola, controla“, што во превод значи: Убивај, силувај, контролирај. Скоро секогаш нивните мотиви се поткрепени со свирепи убиства со мачети и огнено оружје. А неретко пропратени се со силувања, трговија со луѓе и слично.

Тие се трудат убиствата да ги изведат на еден брутален начин, тоа едноставно претставува нивен заштитен знак. Жртвите често се исечени и со отсечена глава.

„Ако не сте со нив, тогаш сте нивна мета. Ако сакаш да преживееш, мора да ни се придружиш“, велат членовите на бандата.

Ниту FBI ништо не им може

Доналд Трамп многу често го критикуваше Обама што дозволува ширење на бандата низ САД. А вистина е дека администрацијата на Бил Клинтон пробала да се реши од оваа банда, и претставниците ги депортирале во Салвадор. Но, со тоа направиле само контра-ефект.

Тетоважите на оваа банда содржат застрашувачки вуду и слични мотиви, со цел додатно да ги уплашат ривалите. Кај нив важи правилото секоја тетоважа мора да ги содржи „MS“ буките и ѓаволски рогови.

Доналд Трамп ветил дека ќе се пресмета со криминалната банда, а членовите ги нарекувал со погрдни имиња. Во обраќањето кон Конгресот рекол и дека би можело да изгради ѕид со Мексико за да не постојат вакви случувања.

Меѓутоа, голем проблем кој го спомнал е тоа што многу членови на MS-13 биле родени во Лос Анџелес. Значи родени Американци, а не емигранти. А ако треба некого да обвини за ова, тоа е владата на САД.

Според проценките на FBI оваа банда моментално има околу 10.000 членови само во САД, додека во целиот свет околу 50.000.