Home Актуелно Пејачка од Скопје наместо хонорар, добила ќотек во кафана во тетовско

Пејачка од Скопје наместо хонорар, добила ќотек во кафана во тетовско

45 годишна пејачка од Скопје во тетовската полиција пријавила дека добиле ќотек наместо надомест за пеењето заедно со нејзината пријателка и невенчан сопруг во локал надвор од градот. Ноќта помеѓу неделата и понеделникот откако двете жени завршиле со пеење во објектот 45 годишната побарала од сопственикот да им исплати за нивниот ангажман, но наместо тоа тој ја фатил и почнал да ја влече за коса.

„Се вмешала и пријателката со намера да ги раздели, а потоа и невенчаниот сопруг. Тогаш, сопственикот на објектот и вработениот се нафрлиле на мажот и почнале да го удираат со тупаници и клоци, од што паднал на подот. Ги разделиле двајца од гостите во локалот и набрзо потоа тие го пријавиле случајот во Полициската станица Тетово“, соопшти полицијата од Тетово.

Сега тетовската полиција продолжува да работи во насока на целосно расчистување на сите детали и на пронаоѓање на двајцата пријавени за учество во насилството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…