Home Актуелно Патнички воз од „Македонски железници“ со 150 патници излетал од шините – за среќа нема повредени

Патнички воз од „Македонски железници“ со 150 патници излетал од шините – за среќа нема повредени

Патнички воз од „Македонски железници“ излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, пренесува Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт.

Како што дознаваме, станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.

– Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица – изјавиле од Македонски Железници-Транспорт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…