Парче чоколадна торта и сок ја чинеле 6.400 евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Олесја Шемјакова од Русија случајно оставила бакшиш од 6.400 евра во една кебапчилница во Швајцарија, бидејќи, наводно, погрешно го внесла пинот од својата платежна картичка.

Олесја посакала да се почести со чоколадна торта и сок за време на одморот во Цирих, па отишла во кебапчилницата New Point. Си порачала од намерениот десерт кој чинел 20 евра и сметката ја платила со картичка. Но, две недели подоцна доживеала шок кога видела дека од нејзината сметка се повлечени  6.425 евра.

„Го внесов својот пин за да платам со картичка, но плаќањето не беше успешно. Тогаш го внесов пинот по втор пат и сметката беше платена. Претпоставив дека платив 20 евра, колку што изнесуваше сумата на сметката“, вели Олесја, која, поради слабото познавање не германскиот јазик, наводно не разбрала дека кога мислела оти по втор пат го внесува пинот, всушност ја внесувала сумата која ќе ја плати со картичката. Според тоа, испаѓа дека оставила бакшиш од 6.400 евра.

Тоа го заклучила бидејќи сумата која била повлечена одговара на пин бројот од нејзината картичка, па сега се обидува да си ги добие парите назад на својата сметка преку банкарска интервенција. Но, како што пренесува Unilad, нејзините обиди се безуспешни.

Сепак, сопственикот на кебапчилницата, Ченгиз Гокдуман, изјавил дека Шемјакова наскоро ќе си ги добие парите назад, а таа се надева дека неговото ветување не е само празни зборови.