ПАНИКА ВО ПАРИЗ: Претседателот на ПСЖ патува во Бразил!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат шпанските медиуми делегација на ПСЖ ќе отпатува во Бразил со цел да разговата за иднината на Нејмар после неговата изјава дека нема повеќе да се враќа во Париз.

Бразилецот се опоравува во Бразил од операцијата, а претседателот Ал Келаифи заедно со директорот Антеро отпатуваа да се сретнат со најскапиот фудбалер на светот.

Тие ќе се обидат да го убедат да остане, дека е центар на новиот проект на ПСЖ и ќе му предочат дека клубот е спремен да вложи уште многу пари за да го засили тимот во намерата да се освои Лигата на шампиони.

Состанокот би требало да се одржи на крајот на оваа недела, а бразилските медиуми пренесуваат дека Нејмар е одлучен во намерата да се врати во Шпанија.

Шпекулациите кои се појавија пред неколку дена дека Нејмар сака да се врати во Барселона не се без основа. Имено, Меси е се уште во добри односи со Бразилецот и ќе се обиде да го убеди раководството да го врати на „Камп Ноу“.

Од друга страна многу поверојатен е неговиот трансфер во Реал Мадрид, а пред неколку дена медиумите потврдија дека „кралевите“ веќе ги оствариле првите контакти со неговиот татко.