Пакистан собори два индиски авиони од пакистанскиот воздушен простор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пакистан собори два индиски воени авиони кои навлегле во пакистанскиот воздушен простор, изјавија од пакистанската армија. Еден од авионите паднал на територија контролирана од Пакистан и пилотот бил уапсен.

Пакистан ги соборил двата индиски воени авиони откако тие ја преминале „Линијата на контрола“ (Line of Control – LoC) во Кашмир, објави портпаролот на пакистанската армија, генерал Асиф Гафор на Твитер.

Другиот авион паднал на територија од Кашмир контролирана од Индија.