Петтата трансплантација на срце заедно со двете трансплантации на бубрези од починат донор денеска беа успешно извршени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Трансплантацијата на срце е извршена кај 66-годишен пациент за кој немало друга алтернатива и чие срце работело со помалку од 20 проценти, а трансплантациите на бубрези се извршени кај двајца 40-годишни пациенти кои оделе на дијализа. …