Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса денеска не е во Собранието каде треба да се гласа недоверба на Владата. Без него, опозицијата не може да обезбеди кворум, што значи дека нема 61 пратеник и ќе пропадне обидот за рушење на Владата преку изгласување недоверба. Реџепи предмалку се јави на Фејсбук каде објави дека тој одлучил да не биде дел од седницата, …