Пријатен есенски четврток


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во Maкедонија денеска, четврток, 11. ноември, ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 6, а дневната од 12 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 13 степени. Маврово 12, Охрид 14, Битола 12, Крива Паланка 13, Берово 12, Кавадарци 14, Дојран 15.

До недела ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата. Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд.