Поради дисциплински причини, тренерот на Јувентус , Макс Алегри го исфрли од тимот дефанзивецот Леонардо Бонучи за дуелот со Порто во Лигата на Шампионите. Бонучи на „Драгао“ од трибините ги гледаше своите соиграчи. Иако блиску до него во ложата седеја спортскиот директор Марота и потпретседателот Павел Недвед, казнетиот и посрамотен стопер се држеше по страна, сам, осамен и очигледно тажен. …