Во 18:30 часот Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието. Додека во салата пратениците на ВМРО ДПМНЕ го бранеа столчето на претседавачот Трајко Вељаноски, пратениците од мнозинството кое го сочинуваат СДСМ, ДУИ и ДПА неколку реда погоре, меѓу столчињата му го честитаа изборот. Натпејувањето со химни и патриотски песни заврши. Еден час подоцна, неколку стотини граѓани од иницијативата За …