„Успехот кој го постигнавте е многукратно поголем за промоција на Македонија, од сите амбасади и економски промотори“, рече премиерот Зоран Заев пред ракометните шампиони од ракометниот клуб Вардар, кои денеска имаа прием во премиерскиот кабинет, пренесува Плусинфо. Заев, честитајќи им ја шампионската титула рече и дека нивниот успех ја мотивирала Владата да размислува за засилено темпо во инвестирањето во спортот …