Египетскиот уметник Абдел Раман ал-Хаброук во мало студио полно со празни кутии од цигари, во Александрија седи опколен со листови од хартија и прави уметнички дела – портрети од тутун. Неговата уметност настанува на цигарите, пишува Ројтерс. Тој ги кине на пола, внимателно креира монохроматски слики на познати личности или животни, а потоа ги посипува со барут и ги пали. …