За денеска е закажана нова седница на која ќе се расправа за разрешување на актуелниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Не е познато дали обвинителот ќе присуствува на седницата покрај фактот што има право на тоа. Со осум гласа за и еден против, Советот на јавни обвинители даде зелено светло за предлогот на Владата за негово разрешување.