За новото видео на поп-рок пејачката Дани Димтровска, во кое е раскажана приказната за Скопје во 1962 година, се искористени кадрите од документарецот на Бранко Гапо, „Градот покрај Вардар“. Дани вели дека иако тоа не е она Скопје кое таа го знае, сепак, кадрите од спотот идеално се вклопиле во скопската приказна. „Со Весна Малинова сметавме дека овие кадри од …