Денес, околу 17:30 минути се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Прилеп. Според првичните информации на полицијата во несреќата едно лице загина, а четири се тешко повредени. Од 17:45 минути е пренасочен сообраќајот од Тополчани по стариот пат Битола- Прилеп. Со подетални информации подоцна.