Голманот на украинскиот фудбалски вицешампион Динамо Киев, Денис Бојко, за време на дуелот со Славија во Прага одигран вчеравечер во квалификациите за ЛШ, ненадејно падна на земја како покосен, на чудење на сите присутни на теренот и трибините. Испадна дека она што така брзо го „посла“ на земја беше каснување од оса кое Бојко го снајде во осмата минута од …