Куп на Македонија: Познати паровите за 1-то коло!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес во просториите на Македонската фудбалска федерација се одржа ждребот за новата сезона во Купот на Македонија.

Одбраната на трофејот Шкендија ќе ја започне на гостувањето кај второлигашот Кожуф, а финалистот Пелистер е гостин на третолигашот Осогово.

Вардар ќе се сретне со Вардари, Струга Трим Љум ќе се соочи со прилепска Победа, а Шкупи ќе оди во Пехчево кај Кит-Го.

Парови 1-во коло:

Струга Трим Љум – Победа
Кораб – Борец
Влазрими 77 – Беласица
Вардар Неготино – Скопје
Фортуна – Работнички
Лабуништа – Академија Пандев
Кит-Го – Шкупи
Поешево – Брегалница
Кожуф – Шкендија
Вардар Форино – Вардар
Осогово – Пелистер
Тетекс – Гостивар
Братство-Влазними – Силекс
Тиквеш – Ренова
Превалец – Македонија ЃП

Првите натпревари од Купот на Македонија се играат на 22 август.