Mакедонија ќе стане Република Северна Македонија за околу две недели, кога според процедурата треба да стапи на сила Договорот од Преспа. Според процедурата, сега Претседателот на Грција треба да го потпише Законот за ратификација на Договорот од Преспа и тој да се објави во Службен весник. Објавувањето ќе биде в понеделник, 28 јануари, и со тоа ќе стане официјален закон. …