Македонскиот премиер, Зоран Заев, денес оствари средба со гостинската делегација на Република Албанија што ја предводи вршителот на работите министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, информираат од владиниот кабинет. Премиерот Заев, кажал дека се потврдува срдечното пријателство меѓу двете земји, без отворени прашања и со зацртани насоки за зајакнување и проширување на соработката меѓу владите …