Контроверзниот Џои Бартон доживеа пораз како менаџер на Флитвуд на гостувањето кај Барнсли, а по крајот на мечот предизвика сериозен инцидент. Имено, Бартон физички го нападнал противничкиот менаџер Даниел Стендел, по што му нанел телесни повреди и го раскрварел. Полицијата на Јоркшир потврди дека го истражува инцидентот кој се случил во тунелот по мечот Барнсли-Флитвуд кој заврши со резултат 4:2. …