Home Вебкафе Земја на чудата Видео: Бартон го „нокаутира“ менаџерот на Барнсли, полицијата го приведе!

Видео: Бартон го „нокаутира“ менаџерот на Барнсли, полицијата го приведе!

Контроверзниот Џои Бартон доживеа пораз како менаџер на Флитвуд на гостувањето кај Барнсли, а по крајот на мечот предизвика сериозен инцидент.

Имено, Бартон физички го нападнал противничкиот менаџер Даниел Стендел, по што му нанел телесни повреди и го раскрварел.

Полицијата на Јоркшир потврди дека го истражува инцидентот кој се случил во тунелот по мечот Барнсли-Флитвуд кој заврши со резултат 4:2.

Стјуардите и полицијата едвај спречиле ескалација на целата ситуација, а по сето ова Бартон се обидел и да избега со својот автомобил, но беше запрен во последен час од страна на полицијата.

https://twitter.com/SkySportsNews/status/1117113334942306305

Ова е само еден од низата на инцидентите кои ја одбележија кариерата на Бартон, но повеќето се случија додека тој беше фудбалер. Во декември 2004 година, тој изгасна цигара од окото на својот тогашен колега од Манчестер Сити, Џејми Танди, кој подоцна го тужеше Бартон и доби 65.000 фунти отштета.

Бартон во 2017 добива 18-месечна суспензија откако призна дека се обложувал на голем број на фудбалски мечеви.

Load More Related Articles
Load More In Земја на чудата
Comments are closed.

Check Also

Јапонска работа

Чистење на најточниот и најбрз воз од легендарната јапонска железничка мрежа Шинкансен. На…