Оди Трпе кај психолог и вели: – Сè во мојот живот е прекрасно, но ми недостасуваат јаки чувства. – На што мислите? – Не знам како да си го качам адреналинот? Се обидов со сè – скокање со падобран, банџи, нуркање… Сакам нешто ново. – Фатете си љубовница. – Имам три, не помагаат. – Тогаш кажете ѝ на жена ви.