Истражувачкиот тим од компанијата за компјутерска безбедност „Сајбл“алармира дека пронашле податоци од над 500.000 профили на „Zoom“ понудени или за продажба или бесплатно на „дарк веб“. Овие податоци се собираат преку напади каде што хакерите се обидуваат да се најават на „Зум“ користејќи профили што протекле. Успешните најавувања потоа се собираат во листи што им се продаваат на други хакери. …