Специјалниот пратеник на Владата за решавање на недоразбирањата со Софија, Владо Бучковски, денеска ја има неговата прва официјална посета на Бугарија. Од бугарското МНР соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева денеска ќе го прими специјалниот претставник на Република Северна Македонија за Бугарија Владимир Бучковски. По разговорите, Захариева и Бучковски ќе одржат прес-конференција во Министерството за надворешни …