Македонија официјално е во рецесија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Проекциите на Народната банка за македонската економија оваа година велат пад од 4,9%, а на Министерството за економија 4,5. И двете институции се согласни дека опоравувањето ќе трае до 2022 година.

Државниот завод за статистика денеска објави дека минусот во третиот квартал е 3,3%. Во третиот квартал позитива покажале само земјоделството, градежништвото и секторот за информации и комуникации. Потрошувачката паднала за 1,4%, а 6,8 отсто извозот на стоки и услуги.

„Во согласност со ваквиот контекст, при понеповолно надворешно окружување, но и послаби остварувања во првата половина на оваа година, најновите проекции упатуваат на пад на економската активност за годинава од 4,9% и постепено закрепнување со интензитет од 3,9% и 3,6% во следните две години“, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска.

На крајот на годинава, предвидува НБМ, ќе паднат сите сегменти на БДП, освен јавната потрошувачка, која е неопходна заради заштита на јавното здравје и поддршка на економијата. Бруто инвестициите ќе бидат во минус од 13%, ќе се намалат и јавните, но и странските директни инвестиции. Личната потрошувачка е во пад од 4%, извозот од 11,7%. Главниот ризик за македонската економија останува пандемијата и евентуалното повторно воведување на строги рестриктивни мерки.

„Доколку заканата од коронавирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната економска активност“, сметаат од Народната банка.

Инфлацијата и понатаму останува ниска и стабилна 0 1,1%.

Народната банка очекува дека побарувачката на македонски производи и услуги годинава ќе се намали за 6,3% во однос на 2019. Бруто инвестициите ќе бидат во минус од 13%, ќе се намалат и јавните, но и странските директни инвестиции

Владата за годинава прогнозира економијата да заврши во минус од 4,5%, а ова се темели на очекувањата од антикризниот пакет мерки. Се очекува економијата да ја подгрее потрошувачката, претпразничната, но и онаа генерирана од ваучерите кои деновиве ги добиваат 300 илјади граѓани.