Home Актуелно Падна владата во Црна Гора

Падна владата во Црна Гора

Пратениците на Собранието на Црна Гора на вонредна седница синоќа го изгласаа предлогот за недоверба на Владата предводена од Дритан Абазовиќ, по поднесената иницијатива од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ

Гласале 51 пратеник, од кои 50 биле за пад на владата, а еден против.

Покрај подносителите на барањето за недоверба (ДПС, СД, СДП, ЛП, ДУА), за пад на Владата гласаа и пратениците на Демократската партија, Босанската партија.

Владата на Абазовиќ ќе биде во технички мандат до избор на нов кабинет или до нови парламентарни избори.

Владата на Абазовиќ беше избрана на 28 април, а заедно со неговото движење УРА и просрпската СНП, во неа влегоа СДП и малцинските партии на Хрватите, Бошњаците и Албанците, додека претставниците на ДПС на Ѓукановиќ ја поддржаа, но не учествуваа во неа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…