Home Актуелно Падна секирата во медот: Струјата поевтинува за 0,1% – на 1.000 денари заштеда 1 денар

Падна секирата во медот: Струјата поевтинува за 0,1% – на 1.000 денари заштеда 1 денар

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на струјата ќе се намали за 0,1 насто. Тоа значи дека за месечна сметка за струја од илјада денари намалувањето е еден денар.

Новата цена ќе важи од јули годинава. Компанијата произведувач на електрична енергија ЕЛЕМ побарала намалување на цената за 1,5% , ЕВН пак побарала од регулаторот зголемување за девет отсто, а од МЕПСО не бараат ниту зголемување ниту намалување на крајната цена.

Цената за крајните потрошувачи во моментов не може повеќе од ова да се намали поради намалените приходи на ЕВН, вели претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски. Според него, граѓаните веќе почуствувале бенефит со евтината тарифа на струјата.

Ваквото незначително намалување на цената на електричната енергија од Регулаторната комисија за енергетика го образложуваат со фактот дека со воведувањето на дневната евтина тарифа на струјата, цената е пониска за околу четири насто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…