Французите се закануваат: Меси „NO PASARA*“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еминентниот француски весник „Екип“ ја бодри француската репрезентација пред утрешниот дуел со Аргентина во осминафиналето на Светското првенство.

Францускиот весник го стави Лионел Меси во центарот на својата прва страница опкружен со петмина француски репрезентативци – Пол Погба, Семјуел Умтити, Рафаел Варан, Нголо Кантe и Бенџамен Павар.

Натписот на насловната страна гласи: „Нема да помине“ (на шпански „No pasara“). Според „Екип“ формулата за успех на „петлите“ е токму неутрализирање на Лионел Меси.