Home Вебкафе Падна од трапез откако партнерот случајно ја испушти од раце – присутните вриштеа (видео)

Падна од трапез откако партнерот случајно ја испушти од раце – присутните вриштеа (видео)

Жирито и публиката од шоуто America’s Got Talent минаа низ бизарна и морбидна ситуација кога точката која ја изведуваше тандемот натпреварувачи тргна на лошо.

Имено, слабовидниот трапезист и акробат Тајс случајно ја испушти од раце својата сопруга Мери додека ја изведуваа нивната точка на трапез, при што таа падна на сцената. Додека му се лизгаше од раката, Тајс се обиде сопругата да ја дофати за стапалото, но не успеа.

Жирито и публиката вришета во шок и неверување, а меѓу нив беше и мајката од Мери и нивното двегодишно синче кои почнаа да врискаат од страв и испаниченост.

За среќа, ноќта не заврши кобно и со несреќа, како што се чинеше. Мери безбедно заврши на мрежата која беше поставена под нив, па веднаш стана и се поклони пред сите, покажувајќи дека е добро.

„Речиси си го скрши вратот“, подоцна коментираше Сајмон Кауел, уште во шок од она што го виде.

Инаку, Тајс е слеп на десното око поради прогресивната очна болест од која страда, но тоа не го спречи да продолжи да се занимава со акробатските вештини и точки, што дополнително придонесе за да ги освои симпатиите од судиите и публиката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …