Home Спорт Овој Нигериец може да биде најголемо изненадување на Мундијалот: Гигантите „лудуваат“ по него

Овој Нигериец може да биде најголемо изненадување на Мундијалот: Гигантите „лудуваат“ по него

Хенри Онјекуру е името на нигерискиот талент кого го следат многу европски гиганти и кој би можел да блесне на Мундијалот во Русија.

Минатото лето трката за неговиот потпис ја доби Евертон и го доведе од Еупен за 8 милиони евра, но „карамелите“ проценија дека за неговиот развој најдобро е да остане во Белгија.

Хенри Онјекуру оваа сезона игра на позајмица во Андерлехт и блеска во клубот од Брисел, каде на 14 натпревари постигна седум гола.

Одличните партии на 20-годишниот Нигериец не останаа незабележани од најголемите европски клубови меѓу кои Манчестер Јунајтед и Барселона.

Меѓутоа, мала е веројатноста дека Евертон ќе сака да продаде таков „бисер“, па многу веројатно следната сезона ќе го гледаме во Премиер лигата во дресот на „карамелите“.

Онјекуру ќе биде едно од најсилните оружја на Нигерија на Светското првенство, па би можел да бидеј најпрвијатно изненадување на Мундијалот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…