Home Шоубизнис „Овој филм ја има најкрвавата сцена во историјата на хоророт“

„Овој филм ја има најкрвавата сцена во историјата на хоророт“

Кога во 2017 година излезе хорор филмот „It“, ова остварување ги сруши сите рекорди во заработувачка. Сега доаѓа „It 2“, а една од главните улоги во новото хорор продолжение ја има Џесика Честејн, која гостуваше во шоуто кај Џими Фалон.

Поради една нејзина изјава поврзана со „двојката“ од споменатиот хорор, обожавателите на овој филмски жанр сега имаат големи очекувања од продолжението.

„ОК, ќе кажам нешто и мислам дека ќе западнам во неволја поради тоа, но сепак ќе го речам“, започна Џесика.

„Ова би можело да биде спојлер. Во филмот има сцена за која некој, на снимањето на сетот, кажа дека во неа има најмногу крв во целокупната историја на хорор филмовите“, откри за јавноста актерката.

„И ќе ви откријам, следниот ден си вадев крв од очите“, додаде таа.

Инаку, веќе се шушка дека продолжението на овој хорор ќе биде многу пострашно од првиот дел.

„Тоа е приказна за детството, за љубовно писмо од детството, но и приказна за смртта на детството. Симболично, секако, бидејќи кога Пенивајс опишува како тој јади светови, не мисли на чудовиште кое јаде планети, туку за голтање на светот на фантазијата и магијата“, изјави за Independent режисерот Енди Мускети.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …