Спорт

„Овој човек е чудак!“: Како светот реагираше на најновиот гол од Ибрахимовиќ

Можеби има 37 години, но возраста очигледно ништо не значи за Ибракадабра бидеќи тој уште ги тресе терените со неговите фудбалски атрактивни потези и чудесни удари со кои ги полни противничките мрежи. Кога станува збор за спектакуларни голови – Златан Ибрахимовиќ е човекот.

Во неделата, тимот ан Њу Ингланд Револушн беше најновата жртва на маестрален потег и гол од страна на Ибрахимовиќ, кој го носи дресот на Лос Анџелес Галакси.

Во неколку потези, прво со импресивна контрола на топката на гради, поткревање во воздух и со поднаместување на истата, за на крајот со ефективен удар со „ножички“ бомбастично да ја упати кон противничката мрежа, Ибракадабра го постигна својот нов чудесен гол со кој ја импресионираше фудбалската јавност.

Твитер и останатите социјални мрежи буквално беа запалени од реакциите на корисниците кои со воодушевување го споделуваа атрактивниот погодок од Златан.

Advertisements
To Top