Ова се најбогатите европски клубови – Јунајтед е ѓаволски богат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најбогат европски клуб е Манчестер Јунајтед чија вредност минатата година за прв пат ја премина сумата од 3 милијарди евра, објави денес еминентната ревизорска компанија „KPMG“.

„Црвените ѓаволи“ кои минатата недела под водство на Жозе Мурињо го освоиа трофејот во Лига Европа се финансиски и економски најсилен клуб во Европа, а позади себе ги оставија гигантите Реал Мадрид и Барселона.

Истражувањата кои ги направи „KPMG“ ги опфати ТВ правата, профитабилност, популарноста на социјалните мрежи, спортскиот потенцијал и сопственоста на стадионот.

Со истражувањето беа опфатени 32 клуба, а англиските клубови доминираат во првите десет места. Манчестер Јунајтед моментално има 26 глобални спонзорски договори, меѓу кои се Адидас, Шевролет…како и десет регионални спонзорски договори и 28 други медиски и финансиски партнери.

Моментално 10 клубови имаат вредност од една милијарда евра или два повеќе отколку во 2016 година. Па така премиерлигашот Тотенхем и италијанскиот шампион Јувентус за прв пат се приклучија во оваа елита, а од Топ 10 испадна Пари Сент Жермен.

И покрај доминацијата на клубовите од Премиер лигата, Шпанија единствена има два клуба чија вредност преминува две милијарди евра, а тоа се секако Реал Мадрид и Барселона.

10-те најбогати европски клубови:
1 Манчестер Јунајтед
2. Реал Мадрид
3. Барселона
4. Баерн Минхен
5. Манчестер Сити
6. Арсенал
7. Челзи
8. Ливерпул
9. Јувентус
10. Тотенхем