Ова се грешките што секој хороскопски знак ги прави во кревет, и решенија за нив


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не е ни толку далеку од вистината, сосема е нормално да грешиме. Сите ние сме луѓе и се случува, и тоа не е никаква голема трагедија.

Но што се однесува на сексот, наводно постојат грешки што секој од нас често ги повторува. А точно кои грешки ги правиме, зависи од хороскопскиот знак. Селдат грешките што секој хороскопски знак ги повторува. Дали се пронајдовте во нив?

Овен

Овените често на своите партнери не им признаваат за она што добро го прават. За овените скоро секое сексуално искуство е опасна авантура. А во секој друг случај е само досадно повторување. Овените би требало да ги ценат малите работи. Па дури и да се работи за галење и бакнежи во врат.

Бик

Биковите се многу стрпливи, но понекогаш претеруваат со тоа, па со нив предиграта знае да потрае и по неколку часа. Тоа од време на време е добро, но можеби на вашата партнерка или партнер му недостасува брзински секс кој ќе ги излуди. Пробајте понекогаш и со тоа.

Близнаци

Близнаците мораат да бидат искрени на прашањето што за нив претставува сексот. Често се правите дека тоа за вас е само забава, па дури и ако сте заплеткани во многу познажни и длабоки чувства. Можеби не би требало толку многу да се плашите од вистината?

Рак

Раковите понекогаш се грижат повеќе од што треба за чувствата на партнерот или партнерката. Да, убаво што секогаш сакате да им удоволите, но понекогаш треба да мислите и на себе. Ако не ви одговара нешто што таа или тој го прават, кажете им, не мора да се страмите. Сигурни сме дека ќе ве разберат.

Лав

Вие сакате да сте главни во креветот и тоа е супер, затоа што партнерот сигурно ужива во тоа. Но понекогаш можеби би било добро да го препуштите кормилото и да му дадете збор во кревет и него. Па можеби и вас ќе ви се допадне, се согласувате?

Девица

Девиците и не се некои преголеми авантуристи и не се склони на испробување и откривање на нови работи. Едно место за секс и неколку пози кои секогаш се повторуваат за вас е доволно. Но, не тврдиме дека сега одма треба да станете егзибициониста во кревет, но мала промена на просторијата би можело да донесе нова свежина во сексуланиот живот. Промените не мора да бидат екстремни.

Вага

Вагите секогаш премногу преиспитуваат. не е важно дали изгледате премногу совршено кога сте голи, опуштете се. Заборавете на несигурноста и препуштете се на уживањето, а истото најверојатно би ви го кажал и партнерот ако го прашате…

Скорпија

Скорпиите во текот на сексот сакаат да ги артикулираат своите мисли. Но, треба барем малку да внимавате на тоа што го кажувате, затоа што на партнерот често му е незгодно од тоа. Понекогаш може да кажете по нешто секси, но секогаш за зрно претерувате. Бидете присутни за време на секс, тоа е најважно. А и партнерот сигурно ќе ужива повеќе.

Стрелец

Стрелците секогаш се фокусираат на целта, но можеби би требало, наместо на оргазам, би требало да се фокусирате и на уживање во моментите. Пробајте да го промените барем малку фокусот и целта за време на секс.

Јарец

Јарците се склони на тоа сексот потполно да го занемарат. И тоа само затоа што на работа им е тешко или слично. Па кога ќе си дојдат дома, не се способни за ништо друго освен спиење. Смалете ја количината на работа, намалете го стресот. Пуштете некоја опуштена музика и уживате во кревет…

Водолија

Водолиите мора да бидат малку поинакви, па дури и кога станува збор за секс. Но сексот би требало да биде природен, затоа што тогаш е најдобар. Да, во ред е од време на време за „играте улоги“ и испробувате нешто возбудливо. Но нека биде тоа природно и едноставно без премногу комбинации. Треба да и дадете шанса на едноставноста.

Риби

Во сексот како и во животот е многу важен балансот. Тоа е и емоција и активност, но не само едно од тоа. И додека не е баш идеално на сексот да му пристапите само механички и без емоции, не би требало да дозволите емоциите премногу да надвладеат. А рибите се баш склони на тоа, најдобро е кога ќе направите комбинација од тие две работи.