Ова го може само Мурињо: Сам си поставуваше прашања на прес (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо направи ново шоу во негов стил на денешната пресконференција пред натпреварот со Манчестер Сити.

Имено, „Специјалниот“ на почетокот од прес конференцијата сам си поставуваше прашања, со оглед дека денес е последен ден од преодниот рок.

„Првото прашање, очекувате ли нов фудбалер до крајот на преодниот рок? Првиот одговор, не. Одиме понатаму, второ прашање, дали сте задоволни од реализираните трансфер, втор одговор, да, сум задоволен“, брилјираше Мурињо.

Тотенхем ги донесе Стивен Бергвајн и Жедсон Фернандес оваа зима, но очекуваната замена за повредениот Хари Кејн не пристигна.

„Трето прашање, не сакате напаѓач?“, со насмевка Мурињо го постави прашањето.