Ова човечево е најмалиот милијардер на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мухамед Авал Мустафа, попознат како Момфа Џуниор, иако има само 9 години, живее сосема поинаков живот кој воопшто не подразбира нормално детство. Тој е син на нигериската славна личност и мултимилионерот Исмаил Мустафа Момфа.

Пред 3 години на неговиот шести роденден стана сопственик на вила во Дубаи, а сега веќе има завидна колекција на суперавтомобили и патува низ светот со својот приватен авион. Неговиот живот е исполнет со луксуз и веќе е влијателен инфлуенсер на Инстаграм, судејќи по бројот на лајкови на неговите објави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Muhammed Awal Mustapha (@momphajnr)

Младиот богаташ на фотографиите е облечен во дизајнерска облека од глава до пети. На едната фотографија седи на своето бентли, на другата е во ламборџини, на третата е во ферари. Има и фотографии во својот приватен авион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Muhammed Awal Mustapha (@momphajnr)

Семејството обожава дизајнерски брендови, па нивните социјални мрежи се преполни со нивни фотографии во облека од модните куќи Живанши, Фенди, Гучи, Барбери. Таткото објави и фотографии со купишта банкноти на својот профил и покажа како неговите деца спијат покриени со дизајнерски ќебиња или носат дизајнерски часовници и очила.

Неговиот татко богатството го стекнал преку менувачници во Лагос, а потоа се заминавал со инвестиции.