Home Спорт Откриено: ПСЖ преговара со таткото на Меси!

Откриено: ПСЖ преговара со таткото на Меси!

Францускиот шампион ПСЖ е еден од ретките клубови кои може да си дозволи да го ангажира Лионел Меси, па веќе подолго време се зборува за евентуално доаѓање на Аргентинецот во Париз.

Според тврдењето на француската телевизија „RTL“, таткото на Меси, Жорге неодамна имал разговор со челните луѓе на ПСЖ и со спортскиот директор на клубот, Патрик Клајверт.

Клајверт е наводно како посредник во преговорите, а ПСЖ сака да го искористи фактот дека Меси сеуште го нема продолжено договорот со Барса иако му истекува во 2018 година.

Медиумот не открива детали за тоа колава сума му понудил ПСЖ на Меси, но потенцира дека „светците“ нема да жалат пари да го донесат Аргентинецот на „Паркот на принцовите“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…